6.8 C
Skopje
Sunday, November 28, 2021

Османи има позитивни очекувања од португалското претседавање со ЕУ

Најчитани вести

Ќе се разговара и за досега сработеното и ќе градат стратегија за надминување на спорните прашања со Бугарија, најави министерот за надворешни работи Бујар Османи. Неговите очекувања од португалското претседателство за проширување на Европската Унија се големи, а рече дека МНР наскоро ќе испрати дипломат во Лисабон за Македонија да има директен контакт со властите во Португалија.

– Очекувам Германија да продолжи со својот ангажман и во текот на португалското претседателство. Според првите контакти со португалското претседателство, тоа има серозна намера да се ангажира процесот да се продолжи од таму каде го остави германското претседателство и побрзо да се најде решение за разликите со цел да се одржи првата меѓувладина конференција односно да се усвои преговарачката рамка, истакна Бујар Османи – министер за надворешни работи.

Засега нема оптимистички очекувања дека Македонија и Бугарија ќе најдат заеднички јазик до март, за кога се закажани парламентарните избори кај соседите. Сепак, преговорите меѓу двете земји треба интензивно да продолжат, вели премиерот Заев.

-Изборите не се соодветен момент за решавање на политички сензитивни прашања, посебно за прашања за кои барем нашата страна не може да го утврди каде е проблемот. Јас многу често кажувам, не можам да го сфатам проблемот. Можам да сфатам стојалишта, да разговараме дури и за минатото, зошто не. Тоа е работа на историчарите, на нас политичарите е да разговараме за иднината, но дефинитивно тоа не значи дека не треба да правиме напори, одма, веднаш, порача Зоран Заев – претседател на Влада.

Средба за разговор на спорните теми меѓу министрите за надворешни работи на Македонија и Бугарија, Османи и Захариева, се уште не е договорена. За последните испратени предлози од македонското МНР, од бугарска страна се уште немало одговор.

За меѓусебна соработка на други теми, економија, безбедност, култура, Османи формира трилатерална иницијатива со Бугарија и Албанија, како и иницијатива Преспа форум за која во јуни шефот на димпломатијата најави дека ќе организира меѓународна конференција.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com