12.8 C
Skopje
9 November, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаОсмани и Ројкинд со шест урбанистички интервенции за целосна трансформација на Чаир

Османи и Ројкинд со шест урбанистички интервенции за целосна трансформација на Чаир

- Advertisement -spot_img

„Ние не градиме само згради, ние решаваме проблеми. Правиме проекти за луѓето и им го враќаме градот на луѓето.“

Со оваа порака започна клучниот дел од презентацијата на „Визија Чаир 2040“, каде кандидатот за градоначалник Бујар Османи и светскиот архитект Мишел Ројкинд ја претставија стратегијата за трансформација на Чаир од хаотичен урбан мозаик во достоинствен и функционален град за живеење.

Во своето обраќање, Османи истакна дека проектот е темелен не на политички амбиции, туку на реални предизвици и потреби што секојдневно ги живеат граѓаните:

„Секој проект што го правиме всушност е решение на некој проблем. Од тоа тргнавме и така ја креиравме визијата за Чаир, во шест поглавја кои произлегоа токму од проблемите.“

Овие шест поглавја, како што објасни Османи, се директно фокусирани на најгорливите теми во општината:
Решенија за слободното движење:

Хаосот со паркирањето, нефункционалните улици и лошите пешачки зони создаваат секојдневен стрес. Визијата предвидува комплетен редизајн на уличната мрежа и тротоарите со приоритет на безбедноста на пешаците.

Асиметрична густина на население:
Чаир е најгусто населената општина во Европа. Планот нуди модел на урамнотежен развој, со нови јавни простори и реструктуирање на непланираните делови.

„Чаирчанка“ како пример за неуспех:
Османи ја нарече „Чаирчанка“ симбол на хаосот и запуштеноста, но и шанса за исправка со целосен редизајн, нови функции и достоинствен јавен простор.

Зелени површини:
Се отвора ново поглавје за враќање на зеленилото во секој блок, секоја улица, секој влез.

Јавен простор за заедницата:
Идејата е јасна: „од урбан ќор-сокак, во урбана агора“. Простори што ќе ја вратат социјалната динамика, безбедноста и почитта меѓу соседите.

Инфраструктура со визија:
Инфраструктурата се редизајнира од нула, со технолошки и еколошки принципи, адаптирана за иднината.

„Ова е проект што во фокусот ги има сите луѓе од бремена жена што нема тротоар, до дете во количка што нема сенка. Ова е визија што го враќа достоинството, движењето, воздухот, надежта,“ заврши Османи.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img