Home » Османи го поздрави новиот инструмент на ЕУ за Западен Балкан во вредност од 6 милијарди евра

Османи го поздрави новиот инструмент на ЕУ за Западен Балкан во вредност од 6 милијарди евра

by Журнал.мк

Министерот Османи учествуваше на брифинг со заменик главниот преговарач и државен секретар во Секретаријатот за европски прашања, Дрита Абдиу Халили и Мисијата на Северна Македонија при ЕУ за процесот на забрзана интеграција на земјата во ЕУ.

Министерот беше брифиран за последните одлуки во Брисел кои се во насока на повеќе интеграција пред самото членство.

Во таа насока, Османи го поздрави усвојувањето на позициите на Европскиот парламент и на Советот за Реформскиот и Планот за раст на Западен Балкан. Со речиси едногласна поддршка, европратениците покажаа јасна посветеност за политиката на проширувањето и реформските процеси кои ќе ги зајакнат вредностите на ЕУ во регионот, фокусирајќи се на транспарентноста, владеењето на правото и економската интеграција.

Претходно, минатата недела и Советот ја усвои својата позиција и се очекува до крајот на април о.г. да се заврши процедурата за усвојување на оваа регулатива што ќе овозможи на земјите од регионот пристап до новиот финансиски инструмент во вредност од 6 милијарди евра кој ќе финансира спроведување на реформи – слично на инструментите достапни за земјите членки.

Другиот дел од планот е наменет на пристапот на компаниите од Северна Македонија и регионот во единствениот пазар на Унијата, но и на придобивките за граѓаните на нашата земја. Во оваа фаза се дефинирани 4 приоритети за таа цел:

– вклучување на банкарскиот систем на Северна Македонија во СЕПА – единствениот систем за плаќања на ЕУ

– зелени ленти со земјите членки

– бесплатен пристап до интернет

– пристап до дигитални иновативни хабови

Со СЕПА конкретно се овозможува на граѓаните брзо и без провизија да префрлат средства/пари од банките во ЕУ до банките во Северна Македонија. Тоа ќе придонесе за голема заштеда за нашите граѓани, во време и пари, кои работат во една од 36те земји учеснички во СЕПА.

Реформскиот и Планот за раст има за цел да поттикне социо-економски реформи во Западен Балкан и усогласување на политиките со ЕУ, поставувајќи јасна рамка која ја поврзува финансиската поддршка со јасни индикатори за напредок.

Притоа, имајќи го предвид нашето лидерство во регионот по усогласувањето со ЗНБП, но и со визната политика на ЕУ, кои се и како предуслови за добивање на поддршка од овој нов инструмент на ЕУ.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk