Home » Османи ги прими акредитивните писма од новиот амбасадор на Казахстан

Османи ги прими акредитивните писма од новиот амбасадор на Казахстан

by Журнал.мк

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денес ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Казахстан во Македонија, Сатибалди Буршаков.

Османи изрази задоволство за донесената одлука за отворање на Aмбасада на Казахстан во Скопје, при што беше констатирано дека ваквиот потег ќе придонесе кон продлабочување на односите меѓу двете земји.

Соговорниците го поздравија и досегашниот развој на билатералните односи и разговараа за потенцијалите за натамошно унапредување на севкупната соработка, со посебен акцент на можностите за зајакнување на соработката на полето на економијата, трговската размена, туризмот, културата и образованието.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More