Home » Османи – Блинкен: Евроинтегративниот процес, функционалната мултиетничка демократија и почитувањето на трите договори се неопходни за зачувување на стабилноста на земјата

Османи – Блинкен: Евроинтегративниот процес, функционалната мултиетничка демократија и почитувањето на трите договори се неопходни за зачувување на стабилноста на земјата

by Журнал.мк

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска се сретна со државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, на маргините на неформалниот НАТО состанок во Прага.

Како што извести МНР, станало збор за актуелните настани во Северна Македонија, при што Османи брифираше за неопходноста од продолжување на евроатлантскиот пат на земјата, како клуч за стабилноста.

„Евроинтегративниот процес, посветеноста кон функционалната мултиетничка демократија и почитувањето на трите договори се неопходни за зачувување на стабилноста на земјата и регионот“, нагласи Османи

Воедно, Османи се заблагодари за континуираната поддршка од САД за реформските процеси, борбата против корупцијата и демократскиот развој на Северна Македонија. Ја нагласи и посветеноста на земјава во спроведувањето на активностите кои произлегуваат од Стратешкиот дијалог меѓу Северна Македонија и САД, кој Османи и Блинкен заеднички го лансираа во Вашингтон, во јуни 2022 година.

Соговорниците се осврнаа и на руската воена агресија во Украина, истакнувајќи дека „како стратешки партнери и НАТО сојузници стоиме обединети во поддршката за украинскиот народ“.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More