Тешките имунолошки пореметувања ги препознаваме по тоа што системот не ја врши својата основна улога, а тоа е борбата против предизвикувачите на болестите. Човекот со пореметен имунолошки систем не е отпорен на заразни болести. Личноста со добар имунитет настинува неколку пати годишно, а добива и потешка заразна болест ако е изложена на инфекција. Сепак, личноста со здрав имунолошки систем се спротивставува на болеста и во релативно разумен рок (предвиден за секоја болест) и со предвидени „нормални потешкотии“. На пореметување на имунолошки систем ќе се сомневаме ако заразните болести се јавуваат многу почесто од вообичаеното. Исто така на пореметување на имунолошкиот систем укажуваат болести кои ги предизвикуваат „безопасните“ микроорганизми. Тоа пред сè се микроорганизми кои се кај здравите луѓе присутни на кожата и слузокожата, каде не предизвикуваат никакви потешкотии. Кај личности со ослабен имунолошки систем дури и таквите „мирољубиви“ микроорганизми можат да продрат во организмот и да предизвикаат тешко заболување. Тешките инфекции од поедини габи и паразити, кои кај здравите луѓе не предизвикуваат никакви болести, сигурно укажуваат на пореметување на системот.
Ослабен имунитет – лесна цел за многубројни заболувања на организмот
41