Home » Осимен си обезбеди две клаузули пред да замине во Галатасарај

Осимен си обезбеди две клаузули пред да замине во Галатасарај

by Lina Muslija

Новинарот Фабрицио Романо открива дека Виктор Осимен си обезбедил две клаузули пред да се пресели во Галатасарај, со првата, откупната цена му се намалува од 130 на 75 милиони евра, а со втората може да замине од Истанбул веќе во јануари.

По драматичните случувања од минатата недела кога се изјаловија зделките со Ал Ахли и Челси, Виктор Осимен сепак ќе направи трансфер.

Тој веќе е во Истанбул откако Наполи и Галатасарај синоќа си подадоа рака за позајмица за која шампионот на Турција нема да плати ништо, но во целост ќе ја покрива платата на Нигериецот.

Како што пренесува новинарот Фабрицио Романо, напаѓачот си обезбедил и две клаузули пред да се пресели во Галатасарај.

Со првата тој ќе може во 2025 да го напушти Наполи за 75 милиони евра, наместо досегашните 130 милиони евра. Клубот од југот на Италија очигледно се помири со реалноста откако никој не сакаше да потроши богатство на голгетерот изминатово лето.

Со втората, Виктор Осимен ќе може да го напушти Галатасарај веќе во јануари доколку добие понуда од топ клуб.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More