Репрезентативецот на Нигерија, Виктор Осимен успеа да пронајде начин да си замине од Наполи и во натпреварувачката 2024/2025 ќе го гледаме во дресот на Галатасарај.
Не се остварија плановите, желбите на напаѓачот да се пресели во некој европски великан, тим со поголеми амбиции од оние на калчолигашот, па откако на крајот стана јасно дека е отпишан од тренерот Антонио Конте и дека нема враќање во составот мораше да се најде ново решени и во случајов рака за спас му подаде турскиот великан.
Од Галатасарај прифатија да ја покријат неговата плата и да го ангажираат на позајмица. Сега Осимен конечно ќе може да се фокусира само на фудбалот, да си ја врати формата со која стекна статус на еден од најопасните напаѓачи во денешниот фудбал.
Африканецот е среќен и благодарен на клубот од Истанбул, но и да Дрис Мертенс со кого разговарал пред да каже „ДА“ за трансферот.
-Атмосферата е неверојатна. Прекрасно е да се биде овде и повторно да се види Мертенс. Зборував со него пред да дојдам овде, -порачал голгетерот.