Оризопроизводителите денеска повторно излегоа на протести. Дел од барањата се исти бараат повисока цена на оризовата арпа, но сега наместо 25 велат дека таа треба да се откупува по 40 денари.
Причина е порастот на цените на горивата, вештачките ѓубрива и другите трошоци. Бараат и сите производители на ориз да добијат од владините Ковид мерки, а не само оние што го предале производството до Нова година, бидејќи тврдат дека е откупена одвај една петина од годинешнава реколта.
Бараат и промена на сегашниот систем на функционирање на Водостопанство, бидејќи во ова ЈП претпријатие ја гледаат најголемата вина за доцната сеидба на оризот.
Бараат итна средба со Министерот за земјоделство или премиерот.