повод видео-материјал што вчера беше објавен на социјалните мрежи, а се однесува на недоличното однесување на поединци кои, како што рече. намерно ги уништуваат садовите за одлагање на отпадот и расфрлаат отпад на јавни површини.
„На оваа видео-снимка може да се забележат поединци како намерно ги уништуваат садовите за одлагање на отпадот и со црни кеси истураат отпад по должина на шеталиштето во центарот на градот.
Мораме да истакнеме дека ваквото недолично однесување и уништување на јавниот имот го имаме забележано на неколку локации низ градот, увидено е дека јавни површини што нашите екипи ги имаат исчистено веќе следниот ден се полни со нов отпад, што укажува на фактот дека расфрлањето на отпадот на тие локации се врши намерно во вечерните часови.
Имаме информации дека станува збор за организирана група на поединци забележани неколку пати низ центарот на градот, како вршат расфрлање на отпад на различни локации“, посочи Енуз.
Директорот на Комунална хигиена рече дека од самата видео-снимка е невозможно да се препознаат лицата што го вршат делото, па апелираше до граѓаните да пријавуваат секаков вид на недолично однесување на поединци што претставува непочитување на трудот на комуналните служби на град Скопје.