Home » Орбан: Проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан е запрено, на европскиот блок му се потребни нови членки

Орбан: Проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан е запрено, на европскиот блок му се потребни нови членки

by Журнал.мк

Унгарскиот премиер Виктор Орбан оцени дека проширувањето на Европската Унија кон земјите од Западен Балкан е запрено, истакнувајќи дека на европскиот блок му се потребни нови држави-членки и нивниот економски замав повеќе од кога било досега.

„Проширувањето на Европската Унија кон земјите од Западен Балкан е запрено. Само херојската борба на унгарскиот комесар за проширување (Оливер Вархеји) донесе одреден напредок. Бриселските демократи несомнено се успешни во една работа – ослабнувањето на националните држави и зголемувањето на сопствената моќ. Оваа елита во нас буди сеќавања на комунистите. Нивниот моментален идеал е токсичната зелена политика“, напиша унгарскиот премиер авторски текст за дневниот весник Маѓар Немзет.

Орбан вели дека луѓето во ЕУ гласале за промени, но дека „бриселската елита ги изневерила“.

Според него, Унгарија ќе продолжи да соработува со европските десничарски партии, и покрај провоениот пакт.

„Христијанската цивилизација, која ги одредува рамките на нашите животи, исчезнува“, оцени Орбан и додаде дека ЕУ е во состојба на пропаѓање и дека европскиот блок во последните три децении го изгубил економското значење.

Орбан, исто така, смета дека „европскиот поредок исчезнува пред нашите очи“, додека постои зголемена закана од тероризам и влошување на јавната безбедност.

Унгарскиот премиер истакна дека во меѓународната политика „мирот, редот и развојот“ се заменети со „војна, миграции и стагнација“, наведувајќи дека ситуацијата се влошила „со многу лоши одлуки што ги донела бриселската бирократија во последните години“.

Тој нагласи дека Европа „лебди“ во војна од која не може ништо да добие, а може „сè да изгуби“.

Орбан тврди дека „бриселските бирократи испраќаат пари на европските даночни обврзници во Украина“, како и дека со санкциите „си пукаа во нозете“ на европските компании, ја подигнаа инфлацијата и ги турнаа милиони европски граѓани во криза поради зголемените трошоци за живот.

Тој исто така истакна дека европските земјоделци секојдневно протестираат и дека украинските земјоделски производи, со полош квалитет и пониски цени, го преплавија пазарот.

Орбан се осврна и на резултатите од изборите во Европската Унија.

„Левичарските француска и белгиска влада паднаа веднаш по изборите, а Берлин се тресе. Европските народи јасно ставија до знаење дека сакаат да ја завршат војната која се води во соседството, сакаат да се ослободат од прогресивната идеолошко дивеење, сакаат да ја запрат миграцијата и сакаат да ја видат европската економија на патот на растот“, рече Орбан.

На крајот, Орбан порача дека десничарите, и покрај опструкциите, ќе продолжат да работат на создавање силна фракција во Европскиот парламент.

„ВO недела ќе се случат клучни настани. Треба да ги држите очите на Париз (предвремени парламентарни избори). Вчера беше направен голем чекор кон промените во Америка. Ако сè оди по план и ако ни помогне Бог, до крајот на годината патриотите ќе бидат мнозинство во целиот западен свет“, заклучи Орбан.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More