Home » Орбан од Охрид: Унгарија мора да победи

Орбан од Охрид: Унгарија мора да победи

by Журнал.мк

Унгарскиот премиер Виктор Орбан од Охрид даде интервју за унгарскиот медиум „Радио Кошут“ порачувајќи дека светската економија се дели на источна и на западна, но Унгарија нема да фати страна.

„Владата сака Унгарија, како што победи претходната деценија, да може да ја победи и во деценијата што е пред нас. Многуте промени што се случија во последниот период ја променија светската економија, а оние што нема да се прилагодат на тоа ќе бидат губитници на промените. За тоа се потребни нови алатки, нови методи и економска политика, а тоа е економската политика на неутралност“, рече тој.

Шефот на унгарската влада додека дека сега се формираат два блока, еден западен и еден источен, но Унгарија не може да се приклучи на ниту еден од нив.

„Во интерес на Унгарија е да има живи, моќни и длабоки економски односи со двата економски блока во подем“, ја објасни Орбан филозофијата на неговата политика, која се повеќе наликува на таа на Александар Вучиќ.

Орбан во Охрид дојде со единаесетмина акредитирани новинари и сниматели и со голема владина делегација која е дел од меѓувладината македонско – унгарска меѓувладина средба.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk