Home » Орбан: Брисел сака марионетска влада во Унгарија, но..

Орбан: Брисел сака марионетска влада во Унгарија, но..

by Журнал.мк

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека Брисел сака да види марионетска влада во Унгарија и дека кога ќе го постигнат тоа, ќе има „инструкции што ќе треба да се спроведат“.

„Потребна им е марионетска влада. Сите империи се такви, како што беа Советите. Брисел сака ‘јавол’ влада, која добива повик од Брисел и вели ‘јавол’“, изјави Орбан за радиостаницата „Косут“, пренесе МТИ.

Jawohl на германски значи „да, се разбира“, што во овој контекст значи целосна послушност.

Орбан сугерира дека таквата т.н. јаволска влада би била марионета, односно нема да дејствува во интерес на сопствената земја, туку би дејствувала како алатка на странските сили.

Тој посочи дека тоа не е само прашање на владата, туку дека Брисел има економски спорови со Унгарија, кои сериозно би влијаеле врз народот доколку Унгарија им подлегне на притисоците.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk