Home » Орбан без профитот од руската нафта

Орбан без профитот од руската нафта

by Журнал.мк

Официјална Будимпешта испраќа панични апели кон ЕУ и Брисел за да не и се укине „правото“ – добиено од Европската комисија на Унијата- за користење на руската нафта ( и гас) и покрај воведените санкции на Унијата кон Русија, поради бруталната и непровоцирана инвазија врз Украина.

Унгарскиот шеф на дипломатијата Петер Сијарто, еден од најлојалните послушници на Виктор Орбан, има изјавено дека доколку се направи тоа- без руската нафта -„Унгарија и Унгарците ќе гладувале“.

Европа не им верува на солзите
Во Брисел, меѓутоа, никој не верува во она што го зборуваат во Будимпешта, а најмалку во заплашувањата на Сијарто. за кои се тврди дека се лажни.

Затоа што тоа- едноставно – не е точно и не е така,- а и затоа што преку нафтата од Русија, (која божем и е животно потребна на Унгарија) Владимир Путин од Орбан има направено средновековен вазал на Кремљ.

„Доста ни е веќе од овие игри. Унгарија имаше доволно време за да се прилагоди на санкциите , како што тоа го направија другите земји-членки на ЕУ“- има изјавено за „Политико“ од Брисел, висок европски дипломат.

А, тоа го покажува и самиот Орбан , за кого овој угледен портал вели дека го фаќа паника од губењето на сегашниот (европски) попуст со што ќе и се намалат на земјата огромните приходи кои режимот ги остварува.

Изигрување на „попустот“ од ЕУ
Како за државната каса , од каде се финансира орбановиот национал-популизам, така и за лугето од големиот бизнис, околу него, со чија помош деспотски владее.

Затоа во случајов станува збор за нешто сосема друго- кое нема никаква врска со можното страдање на унгарското население.

Пред две години, владата во Будимпешта успеа да ги увери европските челници, дека како земја која е целосно зависна од руската нафта, да и се дозволи своевиден „попуст“- да може да продолжи да се снабдува со нафтата од Русија, (додека не обезбеди соодветна замена).

Уште таа нафта е со пониска цена од онаа на пазарот, што секако, е постигнато со претходна согласност на Кремљ.

Одмазда на Украинците
Тоа уште од почетокот наидува на несогласување од Украина- која во услови на агресија и наметната војна, едвај ја одржува својата енергетска стабилност- посебно што Орбан, како руски вазал, е крајно непријателски насочен кон Киев.

Таа нафта ( за Унгарија , но и за Словачка) минува низ нафтоводите на украинска територија, па Украинците објавија дека руската нафтена компанија „Лукоил“ повеќе нема да може да ја транспортира нафтата преку украинска територија.

Будимпешта и Братислава веднаш реагираа и панично и гневно, настојувајќи да ги уверат другите во ЕУ дека без тој коридор и без нафтата во Русија- овие две земји не ќе можат да ги задоволат своите потреби за енергија.

Во Брисел, меѓутоа, тврдат дека тоа не е точно. Земјите – соседи веднаш се понудија да помагаат, што не е потребно, затоа што само во текот на минатиот месец, Унгарија и Словачка имаат примено 720 илјади тони нафта.

Препродавање на руската нафта
Така се открива вистината за плачливата изјава на Сијарто, затоа што во Европа е познато дека Орбан тргува со руската нафта и ги зголемува профитите на унгарските нафтени компании.

Освен тоа, нафтата што доаѓа од Русија и ја има и повеќе отколку му треба за унгарските потреби, унгарскиот премиер ја препродава на пазарот- по повиска цена. Секако, по претходно добиена согласност од Путин.

Европски експерти откриваат дека најголемата унгарска нафтена компанија МОЛ во минатата година има остварено рекореден профит. Токму со препродавање на руската нафта, на која Орбан и неговите заработуваат многу. Од „Лукоил“ ја купуваат за цена 20 отсто пониска од пазарната, а ја продаваат потоа на други, поскапа за толкав процент.

Гнав и лутина
Јасно е затоа, дека доколку не беше „попустот“ што на Унгарија и го има дедено Европската комисија, односно доколку и Орбан се придржуваше на санкциите кон Русија, немаше да ги има сите овие профити.

Затоа и одлуката на Украинците да се запре протокот за „Лукоил“, предизвикува гнев и лутина кај орбановци.Како што затоа никој во Брисел и во остатокот на ЕУ нема разбирање за плачливите пораки од Будимпешта.

Впрочен, „попустот“ за Орбан со руската нафта беше привремен, а не за вечни времења и уште помалку за шпекултивно однесување.

Неморално профитерство
Но, наместо тоа приливот на нафта ( и гас) од Русија , во 2022 година е зголемен за над 50 отсто, во споредба со претходната година. Згора на се, Орбан има направено и нова зделка со Русите- овојпат со компанијата „Газпром“.

Во Брисел, според „Политико“ , затоа се решени да му стават крај на ова и нечесна и неморално воено профитерство за сметка на Украина и на Европа.

При што , на Унгарците, нивниот премиер им се продава како наводен „заштитник“ на народот-со енергетските субвенции , со пониски цени за горивото и со ниски цени за струја.

Проблем за Виктор Орбан е што никако не може да ја намали инфлацијата – која е највисока во ЕУ и изнесува безмалку 18 отсто.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk