Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека ќе го покани израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да ја посети Унгарија.
Тој, сепак, додаде дека налогот за апсење на Нетанјаху, издаден од Меѓународниот кривичен суд, „воопшто нема да го разгледа“.
Во четвртокот тој суд издаде налози за апсење на Нетанјаху, поранешниот израелски министер за одбрана Јоав Галант и водачот на Хамас, Ибрахим Ал-Масри, за наводни воени злосторства и злосторства против човештвото.
Орбан, чија земја претседава со Европската Унија до крајот на годината, изјави за државното радио дека налогот за апсење е „погрешен“ и рече дека израелскиот лидер ќе може да води разговори во Унгарија „со соодветна безбедност“.