Франција ја победи Белгија во Лигата на нации, но тема е играта на Килијан Мбапе, кој барем на почетокот на сезоната не личи на играч кој важи за еден од најдобрите на денешницата.
Од летото и ЕУРО, Килијан Мбапе не е во препознатлива голгетерска форма. Во новата сезона, сметајќи ги репрезентацијата и клубот, на 7 натпревари постигна три гола, што е далеку од неговите стандарди.
-Опуштете се, Мбапе ќе дава голови. Ние секогаш сме посилни со него. Убеден сум дека за еден месец се ќе биде подобро. Тој целосно ја разбира улогата на капитен и немам никакви грижи за Килијан – изјави селекторот на Франција, Дидие Дешамп .
Во Лигата на нации Франција победи против Белгија и загуби од Италија.