30
Идејата да се оптимизираат училиштата, односно, да се затворат и тие деца да се префрлат во поголемите училишта во близина е од корист и за децата и за државата, смета министерката за образование Весна Јаневска. Таа е убедена дека училиштата со пет ученици не треба да функционираат и понатаму на тој начин, затоа што тоа е на штета на самите ученици.