Home » Општина Желино доби противпожарна единица

Општина Желино доби противпожарна единица

by Журнал.мк

Општина Желино доби противпожарна единица. Дел од пожарникарите од Тетово ќе дежураат и во општина Желино за да бидат поблизу до граѓаните.

„Општина Желино ќе има своја единица, општина Теарце ќе го покрива и Јегуновце. Своја единица ќе има и општина Боговиње, ќе ја покриваат и општина Брвеница каде во првата фаза ќе работи само со дневен сервис. Ќе биде опфатен целиот регион на општина Желино, а со ова верувам дека ќе успееме навреме да спасиме имот и животи на луѓе“, порача Биљал Касами.

„Општина Желино за прв пат има противпожарна единица и огромно е барањето на граѓаните да има противпожарна единица, особено во планинските предели каде што поради оддалеченоста од Тетово немавме време да интервенираме во случаи на пожар“, вели Блерим Сејдиу.

Според Авни Ахмети, командирот на Противпожарната единица Тетово, оваа единица во моментов ќе дежура 12 часа дневно, а би требало подоцна да биде и 24 часа. Оваа единица ќе интервенира и при сообраќајни несреќи на автопатот Тетово-Скопје.

„Овој пункт овде ќе работи преку ден од седум наутро до седум навечер, постепено ќе почне работи и 24 часа. Како што споменавме, и на автопатот што го поврзува Тетово со Скопје често има разни сообраќајни несреќи“, вели Авни Ахмети.

Инаку, руралните општини ќе треба финансиски да придонесат за противпожарната единица, а засега трошоците ќе ги покрива општина Тетово.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More