Home » Општина Велес од Владата побара да го спаси езерото Младост, а за средствата од Орбан аплицира со проект за катна гаража

Општина Велес од Владата побара да го спаси езерото Младост, а за средствата од Орбан аплицира со проект за катна гаража

by Журнал.мк

Водата од езеро Младост, крај Велес е времено забранета бидејќи во неа се пронајдени цијанобактерии, а Општина Велес после неколку месеци натегање со советниците конечно побара помош од државата за да се реши проблемот со загадувањето со фекалии.

По последниот извештај за квалитетот на водата за кој пишуваше и „Фокус“, а кој го изготви Хидробиолошки завод Охрид според кој водата во акумулацијата Младост крај Велес е ризична по здравјето на пливачите и по опстанокот на живиот свет, има лош квалитет и параметри кои се над дозволената граница, општината се обрати со писмо до Владата за кое не сакаше воопшто да ја извести јавноста.

Во писмото се содржани сите барања, заклучоци и мерки предложени од советничките групи на Левица, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ на 53-тата седница на Советот на Општина Велес одржана на крајот на август, а се бара финансиска поддршка за спас на акумулацијата езеро „Младост“:
„Дел од препораките, мислењата и заклучоците доставени од страна на координаторите на советничките групи се и активностите кои што треба да се преземат, а истите повлекуваат финансиски импликации и тоа:

– JП Лисиче да достави проект за можноста за дотур на свежа вода и аерација на езерото.
– Да се изготви проект и финансиска конструкција за чистење на испустните вентили на езерото.
– Ангажирање на експертски тим кој ке изработи проект со активности за cпac на езеро Младост,
– Механичко отстранување на масите од алги како и душеците мртва растителна маса од површината на водата, со што ке се оневозможи збогатувањето на екосистемот со органски материи и нутриенти при разградба на органските материи,
– Механичко чистење, отстранување на конгломератите кои се наталожени на дното на акумулацијата — багерирање,
– Изнаоѓање на начин за аерација на водата (еден од начините е со вградување на пумпи во самата вода кои во функција на фонтани ке исфлаат дел од водата во воздух)
– Снабдување на акумулација со свежа вода, затоа што Отовичка река од која по природен пат се надополнуваше езеро Младост, веке неколку години по ред, во текот на летниот период пресушува,
– Механичко чистење на речното корито на Отовичка река,
– Изнаогање на начин за површински и темелен испуст на водата. Темелен испуст поради дефект на вентилите на браната нема повеке од 10 години, а поради сушните периоди и слабиот доток на вода во езерото 3 години нема ни површински истек.
– Општина Велес да обезбеди финансиски фонд за чистење и одржување на крајбрежјето на езеро “Младост”;
– Општина Велес задолжително и континуирано да обезбедува инфраструктура за одведување на отпадни води на сите објекти како и на парцелите за кои има издадено или во иднина ќе издаде одобрение за градба на локалитетот езеро “Младост”;

Согласно Извештајот од Јавната научна установа Хидробиолошки завод — Охрид за извршените физичко-хемиски, микробиолошки, фитопланктонски и зоопланктонски анализи на Акумулација Младост и стручното мислењее од Институтот за јавно здравје, загрижувачка е состојбата со езерото, затоа што видлива е пролиферација на алги и појава на пена и голема количина пливачки душеци (биомаса) долж крајбрежјето на акумулацијата, потврдено е присуство на цијанобактерии, кои при нивното распаѓање може да ослободат токсини, кои можат да бидат штетни по здравјето на лугето, животните, вклучително и водните животни.

Исто така утврдено е присуство на зелени алги и дијатомеи, кои произведуваат прекумерна нетоксична биомаса и главно предизвикуваат хипоксија, мирис и естетски проблеми на површинската вода од акумулацијата.

Езеро „Младост”, претставува место за одмор и рекреација не само за граѓаните на Велес, туку истото е туристичка дестинација која е многу посетена. За жал во последно време, езерото се наоѓа во лоша состојба и затоа со заеднички сили да помогнеме за негово спасување.
Со цел да се спроведат горенаведените препораки, мислења и заклучоци, а со една единствена мисија да се спаси акумулацијата Езеро „Младост”, потребни се финансиски средства кои Општина Велес не може во целост да ги обезбеди. Ве молиме да ни излезете во пресрет со финансиска помош за реализација на горенаведените дејствија кои што треба да се преземат со цел да се спаси акумулацијата Езеро „Младост”, се вели во писмото до Владата.

Писмото од Општина Велес до Владата е испратено десетина дена после аплицирањето на општината на јавниот повик на Владата за финансирање на општински проекти за кои се издвоени 100 милиони плус 250 милиони евра од кредитот од Унгарија, за што пишуваше и неделникот „Фокус“

Градоначалникот на општина Велес, Марко Колев објави дека потпишал апликација за подземна катна гаража и градски плоштад кои, според груба проценка, чинат една петина од 100 милиони евра наменети за сите проекти, но не и за проект за нова фекална канализација околу езерото Младост со цел да се спречи понатамошното загадување на акумулацијата.

„Подземната катна гаража и градскиот плоштад стануваат реалност! Денес ја потпишав апликацијата која Општина Велес ја достави во Министерството за локална самоуправа за финансирање на овој значаен капитален проект за Велес. Се надеваме на позитивен одговор од Владата на Република Македонија за изведба на подземната катна гаража и уредување на градскиот плоштад, со што централното градско подрачје ќе биде функционална целина и ќе се решат многу значајни проблеми за велешани “, објави Марко Колев од Велес.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk