10.8 C
Skopje
Friday, October 22, 2021

Општина Карпош ќе доделува субвенции за електрични тротинети

Најчитани вести

Новиот буџет на Општина Карпош во идната 2020 година ќе биде развоен. Со него ќе се одвојат средства за предвидениот парк во населбата Карпош 4, ќе бидат засадени повеќе тревни површини со кои хортикултурно ќе се облагороди локалната самоуправа.

– Првпат општината ќе доделува и субвенции за електрични тротинети, со што ќе продолжи заложбата на Општина Карпош за намалување на аерозагадувањето како еден од проблемите и предизвиците со кои се соочуваме сите во градот Скопје. Исто така, со новиот буџет се предвидени и средства за водовод во населбата Средно Нерези, како и за реконструкција на градинката „Мајски Цвет” во населбата Тафталиџе 1, со што и овој објект кој има потреба да биде реконструиран ќе добие сосема нов и модерен лик- е наведено во соопштението од Општината.

Од таму соопштуваат дека Милорад Луковски како заслужен граѓанин на Општина Карпош во областа на животните достигнувања во областа на спортот со одлука на советниците ќе добие финансиска поддршка и во претстојната 2020 година.

На седницата биле изгласани и Програмите од областа на урбанистичкото планирање, активностите во областа на екологијата и енергетската ефикасност, развојот на општината, уредување на градежното земјиште, како и Програмата за изградба, редовно и инвестиционо и зимско одржување на сервисни, станбени улици и локални патишта на подрачјето на Општина Карпош за 2020 година.

Исто така, биле изгласани и програмите за активностите на локалната самоуправа во наредната година во областа на културата, спортот, детската, социјалната и здравствената заштита, како и активностите во областа на образованието, информатичката технологија, заштитата и спасувањето на граѓани и материјални добра, како и во областа на месната самоуправа, во областа на еднаквите можности меѓу жените и мажите во Општина Карпош кои добија „виза” од членовите на Советот на Општина Карпош.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com