Home » Општина Битола обезбеди финансиска поддршка за лица со ретки болести

Општина Битола обезбеди финансиска поддршка за лица со ретки болести

by Журнал.мк

Општина Битола обезбеди средства со цел покривање патни трошоци до здравствени институции надвор од Битола и поддршка за надминување на секојдневните предизвици со кои се соочуваат лицата со ретки болести, а се наоѓаат во незавидна социјална и здравствена положба.

Од секторот за односи со јавност потсетуваат дека социјалната мерка почна да се применува од 2023 година, на предлог на градоначалникот Тони Коњановски и се реализира трета година по ред со која Општина Битола издвојува по еден милион денари за финансиска помош која системски e вклучена во Програмата за социјална заштита на Општина Битола.

Во Општината регистрирани се околу 30 лица со ретки болести, а локалната самоуправа ќе продолжи активно да ги поддржува, како преку конкретни мерки, така и преку поддршка на нивните иницијативи, а нивна задача е да се пријават на јавниот повик кој е во тек, посочуваат од тамошната локална самоуправа.

За искористување на финансиската поддршка, лицето треба да биде регистрирано како лице со ретка болест согласно дијагноза и критериуми утврдени од Министерството за здравство и да е жител на Општина Битола.

– Јавниот повик останува отворен во текот на целата година, до целосно искористување на средствата, исплатата ќе се врши двапати годишно, во јули и декември, а едно лице може да добие финансиска поддршка еднаш годишно, во максимален износ од 30.000 денари, соопштија од Општина Битола.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk