Home » Општина Аеродром собра околу 70 тони кабаст отпад во акцијата

Општина Аеродром собра околу 70 тони кабаст отпад во акцијата

by Журнал.мк

Општина Аеродром и Јавното претпријатие за комунални дејности на Општина Аеродром спроведоа акција за бесплатно собирање кабаст отпад, при што од локација собрани се околу 70 тони отпад.

Акцијата почна кон крајот на јули и наиде на голем интерес кај аеродромци. Големи контејнери во текот на август и септември беа поставувани на различни локации низ целата општина според точно одреден распоред. Жителите навремено беа информирани кога и каде да го остават својот стар мебел и друга дотраена покуќнина, кои потоа беа собирани со механизација на Општина Аеродром.

Оваа акција беше спроведена со цел да им се излезе во пресрет на жителите бесплатно да го отстранат стариот мебел од своите домови. Со тоа придонесовме да се заштити животната средина од несовесно фрлање отпад, како и од создавањето лоша слика за Аеродром.

Општина Аеродром упатува апел до граѓаните да внимаваат како се однесуваат кон околината, затоа што инспекциските служби се постојано на терен, а секое несовесно фрлање отпад е казниво со закон.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk