Home » Општина Аеродром ги повикува жителите да пријават штети од излевањето на Маркова Река во Горно Лисиче

Општина Аеродром ги повикува жителите да пријават штети од излевањето на Маркова Река во Горно Лисиче

by Журнал.мк

По обилните дождови во изминатите денови, од своето корито се излеа Маркова Река, при што се поплавени и делови по течението во Горно Лисиче.

„Веднаш по излевањето, беше ангажирана механизација, што работеше на одводнување на коритото на реката и на заштита од евентуални поплавувања на објектите за домување“, велат од Општина Аеродром.

В.д. градоначалникот на општина Аеродром, Дејан Митески, веднаш стапи во контакт со Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), МВР и со АД „Водостопанство“, чии претставници излегоа на терен и ги презедоа сите неопходни мерки за превенција со цел да се спречи поплавување на домовите што се наоѓаат во близина на текот на реката во Горно Лисиче. Екипите се постојано на терен и ја следат ситуацијата.

Според информациите од терен, нема нанесени штети на куќи, но се поплавени неколку магацини и земјоделски објекти, како и дел од полето во Горно Лисиче, известува Општината.

Оттука, Општина Аеродром ги повикува жителите што имаат имот во поплавеното подрачје да ги пријават материјалните штети со поднесување пополнет образец во архивата на Општина Аеродром или во Урбаната заедница во Горно Лисиче, секој работен ден од 8 до 15 часот.

Рокот за поднесување на пријавите трае десет работни дена од денот на излевањето на Маркова Река, што се случи на 1 април (вторник), односно повикот ќе трае заклучно со 14 април (понеделник).

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk