Home » Опсервер: Продолжуваат разговорите за измени на Изборниот закон на БиХ | opserver.mk

Опсервер: Продолжуваат разговорите за измени на Изборниот закон на БиХ | opserver.mk

by Журнал.мк

– Во Сараево денеска продолжуваат разговорите за измените на Изборниот закон на Босна и Херцеговина. Состанокот го организираат претседателите на Народот и правдата (НиП) Елмедин Конаковиќ и Алијансата за подобра иднина (СББ) на Босна и Херцеговина, Фахрудин Радончиќ. Новата рунда разговори ќе следи по преговорите во Неум кон крајот на јануари, кои завршија без конкретен договор, а со посредство на претставниците на САД и ЕУ, Метју Палмер и Анџелина Ајхорст. Се очекува на состанокот во Сараево да учествуваат и партиите кои беа на разговорите во Неум – Партијата за демократска акција (СДА), Хрватската демократска заедница (ХДЗ) на Босна и Херцеговина.. Лидерот на ХДЗ БиХ, Драган Човиќ вчера изјави дека, во зависност од исходот од овие разговори, седницата на Хрватското народно собрание (ХНС) на Босна и Херцеговина, закажана за 19 февруари, ќе ги насочи сите понатамошни чекори и ќе биде обврзувачка за сите хрватски официјални претставници на сите нивоа на власта.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More