Опра Винфри сними нова епизода од „The Oprah Podcast“, во која зборува за ефектите од лековите за слабеење и откри некои детали за тоа како таа успеала да ги намали килограмите.
„Една од работите што ја сфатив првиот пат кога земав лек за слабеење е дека сите овие години мислев дека слабите луѓе едноставно имаат повеќе волја. Јаделе подобра храна, полесно се држеле до неа, никогаш не јаделе чипс. И тогаш сфатив дека не ни размислувале за тоа. Јадат само кога се гладни и престануваат кога се сити“, раскажа Опра.
Клип од подкастот беше објавен на профилот на Опра на социјалната мрежа Инстаграм, каде се наредија многу коментари. Многумина се согласија со водителката и ги поддржаа нејзините одлуки, но имаше и критичари кои веруваа дека она што го кажа Опра не важи за сите луѓе.
Да потсетиме дека таа претходно негираше дека земала лек за слабеење. Седумдесет годишната ТВ ѕвезда призна дека почнала да го користи и откри дека ослабела 20 килограми.
„Не можев повеќе да вежбам. Не можам да се качувам или да трчам побрзо. Морав да јадам еден оброк дневно. Ништо повеќе не можев да направам“, објасни таа.