15.8 C
Skopje
Thursday, June 17, 2021

Oppo, Vodafone, Qualcomm и Ericsson ја овозможуваат првата 5G SA мрежа во Европа

Најчитани вести

Достапноста на 5G мрежите во Европа постојано се зголемува, иако брзинините на оваа конекција варираат. Oppo сега се здружи со компаниите Vodafone, Qualcomm и Ericsson за да ја овозможи првата комерцијална 5G SA мрежа (Standalone Architecture) во Германија, која ќе им биде достапна на корисниците на Find X3 Pro по ажурирањето.

Корисниците во Дизелдорф, Мунстер и Лајпциг ќе бидат првите Европјани кои ќе имаат корист од покривање со 5G SA мрежата. Споменатата конекција нуди значително помало заостанување (1ms) во споредба со 5G NSA (Non-standalone) мрежата (околу 20ms). SA режимот се потпира само на 5G-кулите за сигнали и информации наместо користењето на постарата LTE-инфраструктура.

Oppo ќе продолжи да работи со партнерите во иднина за да обезбеди најголеми 5G брзини за широкиот спектар на уреди.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести