27.8 C
Skopje
Saturday, July 24, 2021

Oppo наскоро ќе го претстави својот прв флексибилен смартфон

Најчитани вести

Досега слушнавме доста информации за објава на нови телефони со флексибилен екран во текот на оваа година од различни производители, а меѓу нив ќе биде и компанијата Oppo.

Сега новите гласини од Кина сугерираат дека се очекува компанијата својот прв флексибилен уред да го објави во текот на второто тримесечје, кое почнува во април и завршува во јуни. Се верува дека ова ќе биде склоплив телефон, а не модел што се развлекува, како Oppo X 2021 концепт што беше претходно прикажан.

Покрај Oppo, оваа година се очекуваат и телефони со флексибилни екрани на други компании, како што се Xiaomi, Vivo и Google. Huawei веќе го претстави својот Mate X2 флексибилен модел за оваа година, додека од Samsung се очекуваат Galaxy Z Fold3 и Z Flip3 во некој период во текот на 2021. година.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести