Седум членови на Комисијата за прашањата на изборите и именувањата во Собранието бараат од првиот човек на законодавниот дом утре да свика седница на работното тело на кое ќе се избираат уставни судии. Пратеникот на ВМРО ДПМНЕ Никола Мицевски вели дека се решиле на ваква постапка за да докажат дека опозицијата не е онаа што ја блокира работата на оваа комисија.
Деловникот за работа на Собранието овозможува во случај ако претседателот на Комисијата не свика седница, тоа да го стори спикерот на Собранието.
„Седница на работното тело свикува претседателот на работното тело. Претседателот свикува седница и ако тоа го побара претседателот на Собранието или најмалку една третина од членовите на телото кои треба да достават материјал за прашањето што предлагаат да се стави на дневен ред на седницата“, рече Деловник за работа на Собранието, член 120, став 2.
Комисијата за избори и именувања не функционира со месеци поради тоа што нејзиниот прв човек на последните локални избори беше избран за градоначалник. Изборот на нови судии во Уставниот суд, во Советот на годишната награда „8 Септември“, во Советот на МРТВ, Советот на Агенцијата за медиуми и некои предвидени делегации кои ѝ припаѓаат на опозицијата, останаа блокирани на дневниот ред.