Денеска (11.10.2024) во 02.28 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Венјамин Мачуковски“ во Скопје настанал пожарено во патничко возило „рено меган“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на С.С.(34) од село Р`жаничино, скопско.
Од пожарот биле зафатени и патничко возило „пежо“со скопски регистарски ознаки, сопственост на Р.Џ.(33) и патничко возило „мазда 3“со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.Н.(40), двајцата од Скопје.
Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Извршен бил увид.