Home » Опожарена фабриката „Ником“ во Кавадарци

Опожарена фабриката „Ником“ во Кавадарци

by Журнал.мк

Пожар синоќа ја зафати фабриката „Ником“ во Кавадарци. На терен интервенирала Територијалната противпожарна единица од Кавадарци со екипи на Комуналец, Шумското стопанство Бор, како и екипи од Велес и Неготино.

Утрово, од Противпожарната единица потврдија дека пожарот бил локализиран околу 01:30 часот, но нивна екипа останала на терен за да ја следи состојбата.

За пожарот синоќа информираше и градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. Тој на Фејсбук напиша дека Територијалната противпожарна единица интервенирала во полн состав од 30 пожарникари, а на терен биле испратени и екипи на јавното претпријатие Комуналец, Голд Никел и шумското стопанство Бор, како и екипи од Велес и Неготино.

Засега нема детали за пожарот и последиците од него.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More