Home » Опожарена е викенд куќата на Пандов во Орешани

Опожарена е викенд куќата на Пандов во Орешани

by Журнал.мк

Опожарена е викенд куќата на директорот на Управата за извршување на санкциите Александар Пандов во скопското село Орешани.

Од МВР потврдија дека вечерва, во 18.45 часот во СВР Скопје А.П.(54) од Скопје пријавил дека била опожарена неговата викенд куќа во скопско Орешани.

Полицијата, како што наведуваат, презема мерки за расчистување на случајот.

За случајот на Фејсбук вечерва информира и директорот на Управата за извршување на санкциите Александар Пандов и сподели видео.

– Ова е данокот за нашата борба за владеење на правото без калкулации? Ова е цената за удирањето по мафијата! Домот ми беше запален, и имам основано сомневање дека станува збор за смислен атак на криминалците! Нема да не запрат и нема да не поколебаат. Никој не е над законот! Нема враќање назад кога се бориш за правдата. И кога ќе тргнеш против криминалот, тој се брани со насилство. Но, ова нема да ме запре — напротив, само не зајакнува!, вели во објавата Пандов.

Тој очекува институциите да го најдат и казнат сторителот.

– А јас и сите заедно ќе продолжиме таму каде што бевме — со уште поголема одлучност, напиша на Пандов на Фејсбук.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk