Home » Опожарен контејнер во скопската Општина Центар

Опожарен контејнер во скопската Општина Центар

by Журнал.мк

Во текот на вчерашниот ден, од страна на непознати сторители беше опожарен еден сад наменет за одлагање комунален отпад лоциран на улицата 11-ти Октомври во скопската општина Центар, во непосредна близина на ДХО „Даре Џамбаз“.

Како што соопшти Општина Центар, станува збор за пластичен контејнер со зафатнина од 3,2 кубни метри што како последица од опожарувањето е комплетно уништен и неупотреблив. Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје извршија целосно расчистување, како и рачно миење на микролокацијата и во текот на минатата ноќ го заменија опожарениот контејнер со нов сад за одлагање на отпадот. За случајот се известени и надлежните органи.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More