Главната новина од Opel летово е електричната изведба на комбито Opel Astra Sports Tourer, којашто имаше премиера пред неколку денови на салонот ИАА во Минхен. Пред точно половина век, главен на сцената беше директниот предок на денешната Astra, третата генерација на Opel Kadett C.
Во 1970-те години, производителите мораа да нудат најразлични изведби од своите моделски серии. Opel Kadett C, третото колено на најпродаваната моделска серија на марката од Риселсхајм, најверно го претставува духот на тоа време. Марката со молњата го понуди Kadett во верзија како пристоен семеен автомобил, како стилски втор автомобил во домашниот возен парк со практичен заден поклипец, па беше достапен дури и спортски модел со впечатлива појава.
Моделското семејтво на Opel Kadett C, произведуван во периодот од 1973 до 1979 година, покажа безброј лица.
Opel Kadett C ја доживеа својота премиера кон завршетокот на летото 1973 година, со свеж дизајнерски пристап и со нова предна оска со триаголни водилки.
Главни обележја во изгледот беа рамната маска, надолжниот раб по средината на хаубата и долниот завршеток на носот изведен во форма на спојлер. Легендарниот германски магазин auto motor und sport во изданието 20/1973 напиша за автомобилот: „Автомобил што одушевува со тоа колку е лесен за возење, но и вешто е конструиран и изработен е прецизно, а згора на тоа е исклучително едноставен за редовно сервисирање и поправка, и одржувањето му е економично.“
Најчитано
Fiat започна со производство на новиот 600е
Во почетокот, Kadett C беше достапен како лимузина со две или четири врати, со обична и луксузна опременост. На тоа следеа Caravan („караван“ е името со коешто Opel ги означуваше своите комби модели, а сцената денес е навикната сите комби модели да ги нарекува караван) со три и пет врати, како и купе изведба.
Тоа уште беше почетокот, затоа што следеа уште бројни варијанти. Opel го осмисли Kadett C како светски автомобил. Освен во Германија, моделот се произведуваше и под знакот на сестринската марка Vauxhall во Велика Британија, со моделско име Chevette. Германскиот автомобил се произведуваше и во Азија, Австралија, Северна и Јужна Америка, со сменета каросерија и со техника приспособена според барањата на одделните пазари.
Купувачите во Европа можеа да избираат меѓу две изведби на штедливиот 1,2-литарски мотор, со 52 или со 60 КС. Во почетокот на 1975 година, беше воведен модел со еднолитарски бензинец со 40 КС, како најштедлива варијанта.
Opel не ја заборави традицијата во рели-спортот, па на салонот ИАА во 1975 година излезе на сцената со GT/E со 105 КС, со мотор со впрскување на горивото, место со карбуратор.
Безбедноста на прво место: Прв Kadett со безбедносни ремени со три точки
Во тоа време повеќето автомобили имаа обичен појасен ремен на две точки. Kadett уште од 1973 година беше достапен со ремени со три точки, што претставуваа значително зголемување на безбедноста.
Главната новина во техниката на Kadett C беше предната оска со триаголни водилки. Стабилизатор се вградувше во сите моделски изведби. Трагата на тркалата беше за 20 mm поширока во споредба со претходната генерација, во корист на управливоста и безбедното возење.
Риселсхајм врз основа на Kadett C изработи студија на автомобил со иновации на полето на безбедноста, тоа е легендарниот OSV 40. Надожни и попречни зајакнувања имаа фуникција да ги заштитат патниците при превртување. Со истата цел беа зајакнати вратите и праговите. Уште тогаш, студискиот автомобил без опасност од повреда на патниците издржуваше судир во цврста пречка при брзина од 65 km/h. Бројот 40 во ознаката се однесува на брзината од 40 милји, односно 65 km/h.
Kadett GT/E како продолжеие на приказната со Rallye-Kadett
Opel докажа дека Kadett C е безбеден, но на салонот ИАА во Франкфурт во 1975 година, докажа дека моделот може да биде и спортски. Kadett GT/E се појави со 1,9-литарски мотор со впрскување на горивото L-Jetronic, со 105 КС. При тежина од 900 килограми, спортскиот модел постигнуваше 184 km/h.
Изгледот на GT/E беше мошне необичен за тогашните вкусови. Горната половина од каросеријата беше лакирана во жолта боја, а долната половина во црна боја. Моделот послужи како основа за хомологација на тркачките варијанти на Kadett C. Во 1976 година почнаа трките. Легендите Валтер Рерл и Рауно Алтонен, со тркачки GT/E со 225 КС постигнаа забележлив успех на Рели Монте Карло и на Рели Португал. Рерл, заедно со совозачот Јохен Бергер, го освои 4-то место во Монте Карло. Во конкуренција на марки, Opel беше втор.
Една културна тура што ја извозевме во почетокот на годината со Opel Astra Ultimate: Како треба правилно да се однесуваме кога возиме по автопат?
Opel се погрижи да обезбеди уште еден вид ново уживање во својот популарен модел, во Kadett Aero. Изработен во соработка со каросериската работилница Baur, овој модел беше во понуда меѓу 1976 и 1978 година. Покривот беше изведен оригинално: Широк лак за заштита при превртување, тарга-покрив и платнена преклоплива прекривка за задниот дел од кабината. Оваа ретка изведба денес предизвикува псоебно одушевување кога ќе се појави на автомобилските собири.
За овие половина век, нештата се сменија многу – почнувајќи од тоа што денешната Opel Astra, освен во изведби со бензински или дизел мотор, со приклучен хибрид, достапна е и во чисто електрична изведба.