Home » Opel го пушти производството на новата Astra под полна пареа

Opel го пушти производството на новата Astra под полна пареа

by Журнал.мк

Новата Opel Astra стартуваше со производство во фабриката во Риселсхајм. Во чест на пуштањето во редовно производство, на настанот присуствуваа министерот за економија на покраината Хесен, Тарек Ал-Вазир и градоначалникот на Риселсхајм, Удо Бауш.

Првите 500 примероци од новата Opel Astra веќе се излезени од производствените ленти. Марката од Риселсхајм го најавува својот нов модел како клучна пресвртница и како главна оска во електричната офанзива на Opel. Првите испораки до клиентите ќе бидат извршени напролет. Од почетокот ќе бидат достапни изведбите со приклучен хибриден погон. Веќе в година следи и чисто електрична изведба Astra-e.

„Новата Astra е развиена со многу љубов до најситниот детал. Таа е воедно моделот што можам да го претставам на мојот прв работен ден како шеф на Opel. Поради тоа, посебно се поврзувам со овој бестселер во компакт класата“, изјави извршниот директор на Opel, Уве Хохгешурц. „Дизајнирана, развиена, а сега и произведувана во нашето матично седиште во Риселсхајм, новата Astra ќе ѝ даде дополнителен залет на марката. Уште сега се радувам на моментот кога нашиот новак напролет ќе го видиме во салоните на дилерите на Opel и кај среќните корисници.“

Премиерот на Хесен, Фолкер Буфиер и министерот за економија Тарек Ал-Вазир во своите говори нагласија дека германската покраина Хесен е домот на Opel. Таму со генерации не само што се вози Opel, туку луѓето и произведуваат Opel и продолжуваат да ја развиваат марката. Матичната фабрика во Риселсхајм е важен работодавец во целиот регион.

Opel целосно ќе ја електрифицира својата понуда од модели до 2028 година

New item by Automedia MK / Google Photos

Со почетокот на производството на новата Opel Astra, во фабриката во Риселсхајм повторно се работи во две смени. Директорот на фабриката Михаел Левалд зборува за новата локација за производство на Astra: „Тимот одлично се соочи со многубројните предизвици и покрај ограничувањата поради корона. Посебно сме горди за тоа што сме новиот дом на Astra и што тука можеме да го произведуваме најсовремениот бестселер во компакт класата со највисок квалитет.“

Со дизајнот и технологијата, Astra почнува нова ера за Opel 

За новата Opel Astra важи дека е Design-Statement на марката: Подинамична е од кога било досега, со јасни и возбудливи форми, без непотребни украси и со новото лице на марката, со Opel Vizor. Новакот поставува нови стандарди и во поглед на технологиите и системите за асистенција. Astra внесува иновации од компакт класата, што клиентите досега ја познаваа само во поскапите модели. Во најновата генерација на Astra се нудат приспособливи светла Intelli-Lux LED Pixel, што не предизвикуваат заслепување. Техниката на светлата потекнува директно од знаменосците Insignia и Grandland, и со 168 диоди е водечка во компакт и средната класа.

New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More