Home » Opel Astra и во новата генерација е икона на тјунингот

Opel Astra и во новата генерација е икона на тјунингот

by Журнал.мк

Opel во соработка со XS подготви тјунирана изведба на новата Astra, на којашто ќе ѝ припадне главното место на тјунинг-собирот XS Carnight во Берлин.

Дваесетгодишнината на автомобилскиот собир XS Carnight ќе биде одбележана соодветно со единствениот примерок од новата Opel Astra, што посебно за овој настан е тјунирана од експертите на XS.

На љубителите на автомобилскиот тјунинг им е добро познато името XS. Сцената одлично ја познава и Opel Astra, којашто низ сите генерации досега е еден од најчесто и најобемно тјунираните модели. Таа вредна традиција ќе продолжи и со новата генерација.

За тјунирање на новата генерација е избрана изведбата со хибриден погон, којашто XS и Opel ја преработија повикувајќи се на традиционалните обележја на германската марка во мотоспортот. Овој единствен примерок од Opel Astra ќе добие главно место на настанот XS Carnight ‚20 Years of XSCN‘, што се одржува на 29-ти и 30-ти јули на Олимпискиот стадион во Берлин.

Opel Astra, тјунирана од XS, потоа ќе се појави на уште еден голем настан. На 17-ти септември следи учество на XS Carnight на собирот покрај езерото Вертер во Австрија. Публиката на овој настан од автомобилската сцена што е од светско значење, на ланското издание веќе можеше да ја запознае новата генерација на Opel Astra.

Системската моќност на Astra со хибриден погон изнесува 180 КС, додека заедничкиот вртежен момент кога електромоторот и бензинецот работат заедно достигнува максимални 360 њутнметри. За тјунирање е користена врвно опремената изведба Ultimate. Во ова ниво стандардно спаѓаат цела низа напредни системи, од целосно дигитален кокпит Pure Panel, преку приспособливи матрични диодни светла Intelli-Lux LED Pixel Licht, до ергономски седишта што се признаени од врвни ортопеди и носат печат AGR. Покривот на белата Astra е црн, а уште една опција за него е тоа што е лакиран со висок сјај. Дел од овој пакет се и црните логоа и натписи напред и назад, заедно со хромирани каросериски додатоци.

Тоа што дополнително го изведоа експертите на XS е вградување пневматска суспензија GRINDS, којашто ги користи оригиналните амортизери и дополнително располага со сензор за висина од Carstyle me. Погледот го привлекуваат кованите тркала од 20 инчи, со гуми 245/30 R20, изработени од американските специјалисти за тркала RVNT Forged.

Зафати има и во браниците: Отстранети се зајакнувањето за прицврстување на регистерската таблица и отворите. Таблицата ја држат магнети. Налепниците отстрана се во стилот на легендарната Opel Manta 400. Исто во стилот на историскиот модел од мотоспортот е натписот во горниот дел од ветробранот. Opel не случајно нуди налепници во стилен стил во својата онлајн-продавница за прибор.

Opel Astra ќе се најде и во магазинот XS-Mag, којшто се дистрибуира ширум светот, а ќе биде масовно присутна и на каналите на XS на друштвените мрежи. За автомобил да добие ваква чест од XS, треба да станува збор за посебна и оригинална преработка.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk