23.8 C
Skopje
Friday, June 18, 2021

Opel ќе го дигитализира името на моделите

Најчитани вести

Opel прави чекор кон иднината и место имињата на моделите да ги пишува со букви, во иднина ќе користи QR-код.

Иднината ѝ припаѓа на марката Opel. Чекор во таа насока е дигиталното лого што ќе се користи кај Opel Manta GSe ElektroMOD. Место нормално напишано име, моделите на Opel во иднина ќе користат иновативно кодирање.

Амблемите со имињата на моделите се минато. Идните модели на Opel ќе користат QR-код во замена за напишаната ознака на моделите, на моторот и слично. Уште една новина во таа насока носат инфо-забавните системи во целата гама, од Astra до Zafira Life. Овие системи во иднина ќе може да се поврзуваат и со непосредната околина и да воспоставуваат контакт со останатите учесници во сообраќајот.

Посебната технологија за QR-кодови на Opel дозволува најразлични варијации на формата на кодот. Тој може, на пример, да изгледа како легендарното лого на Manta, што инаку е име на познатиот род големи ражи.

Марката ќе користи посебен дизајниран QR-код за секоја нова моделска серија. Почетокот ќе го одбележи новата генерација на Astra, којашто се очекува подоцна во текот на годинава. Останатите учесници во сообраќајот ќе можат да го скенираат кодот на возилото и да стапат во директен контакт со возачката или возачот. На тој начин ќе се пренесуваат текстуални и гласовни пораки, или слики, директно во автомобилот на тој што ќе го скенира кодот.

Тоа е информацијата што германската марка ја имаше да му ја соопшти на светот, за 1-ви април.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести