37.8 C
Skopje
Wednesday, June 23, 2021

Opel ја враќа легендарната Manta како електричен рестомод

Најчитани вести

Во периодот кога купувачите ќе стигнат до првите примероци на електричната Mokka-e, а Opel во понудата има и други електрични плаг-ин хибрид модели, на сцена се враќа легендарната Manta.

Германскиот производител ја најави Manta GSe ElektroMOD како рестомод на електричен погон, кој очекувано ќе го задржи својот препознатлив дизајн, а ќе биде надополнет со модерна погонска единица.

„Враќање во иднината“ е работниот наслов на ретро-модерната Manta, деловите од неговото име се поврзани со традицијата на брендот, но и современиот пристап на еден препознатлив автомобил.

Покрај додадените LED светла, новото лого и модерната Vizor маска, Opel најави дека оваа Manta ќе добие и целосно дигитален кокпит, како и дизајнерски елементи во ентериерот кои ќе потсетуваат на славните имиња од историјатот на брендот со молњата.

Засега нема јасни индикации дали Opel планира поголемо производство на Manta GSe ElektroMOD, но јасно е дека автомбилот ќе биде претставен како конечен производ.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести