Home » “Opel” го претстави “Rocks-e Kargo” – мал електричен градски доставувач

“Opel” го претстави “Rocks-e Kargo” – мал електричен градски доставувач

by Журнал.мк

Германскиот произведувач го претставил лесното економично возило “Rocks-e Kargo” кое во суштина “Citroen My Ami Cargo” со “громот” на “Opel”.

По моделот “Rocks-e”, “Opel” а лансирал и неговата “товарна” верзија која во името го има додатокот “Kargo”. “Rocks-e Kargo” поседува само возачко седиште, додека тоа за совозачот е заменето со товарен простор со капацитет од 400 литри и носивост од 104 килограми.

Со должина од вкупно 2,41 метар, не бара многу места за паркинг во урбани средини, а радиусот на вртење од 7,2 метри го прави многу агилен.

Батеријата со капацитет од 5,5 kWh овозможува автономија во возењето од околу 75 километри, додека силата а електромоторот е 12 коњски сили. Автомобилот се полни за четири час.

Интересно е дека “Opel Rocks-e Kargo” според класификацијата на возила во ЕУ се вбројува во квадрицикл (Б1 Категорија).

“Opel” ќе почне да прима први нарачки од купувачите во Германија и Холандија во текот на оваа година, а потоа ќе уследи и продажба и на останатите европски пазари.

Цената засега не е позната, но доколку како ориентер се земе сестринскиот електричен “Citroen Ami Cargo”, би требало да се движи околу 10.000 евра.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk