Секоја генерација на првачиња во Штип и источниот регион е помала од претходната. Намалениот наталитет и иселувањето силно се чувствува во училиштата. Во Штип годинава се запишани 100 првачиња помалку од лани. Намалување има во сите општини од истокот.
Во мајскиот уписен рок во петте основни училишта во Штип се запишани 326 првачиња, за 100 ученици помалку од лани. Според податоците од СВР Штип, бројот на деца родени 2019 година кои годинава треба да кренат во училиште е 470, но со миграцијата и иселувањето бројот значително опаѓа
Околу 120 деца помалку се запишани во кочанските училишта во однос на евидентираните 340. Запишани се 220 деца, четириесеттина помалку од лани
Состојбата е нешто подобра во училиштата во руралните средини. Во кочанско Оризари бројот на првачиња е 20 и е поголем од лани
Во Берово има само 47 првачиња, 20 помалку од лани, во Делчево се пријавени 93 деца, 13 помалку од минатата година, а во Виница бројот на првачиња е скоро ист како ланскиот 112.