Home » Онкологија бара околу 40 вработувања на неопходен кадар

Онкологија бара околу 40 вработувања на неопходен кадар

by Журнал.мк

Најмалку 40 нови вработувања се неопходни на Онкологија за да може да одговори на потребите на пациентите. Наместо специјалист во денот да има и по 70 прегледи и да не може соодветно да им се посвети на болните, од клиниката веќе доставиле барање до Министерството за здравство што им е неопходно во моментот.

– Најургентни ни се медицинските сестри, едно десетина медицински сестри, радијациони технолози, бидејќи имавме во минатиот период напустање од тој кадар, медицински техничари и нормално лекари. Барем да можат оние лекари кои се на приватна специјализација да можеме да им дадеме договори на неопределено време. Се зголемува обемот на работа така да потребно е вработување на нов кадар, вели проф. д-р Игор Стојковски, в.д. директор на Клиника за Онкологија.

Пред еден месец кога министерот за здравство беше во посета на клиниката, најави дека Онкологија ќе има приоритет во делот на вработувањата. Но новиот кадар не е единствениот проблем. Неопходно е и активирање на онколошките амбуланти низ државата за да нема големи гужви и малигно болните да чекаат со саати за преглед или терапија. Засега е воведена втора смена во Дневната болница, но и тоа не е доволно.

– Воведовме втора смена во дневната боница за да не се враќаат пациенти, сега правиме напори да го оптимизираме процесот и други профили да работат втора смена. Со тоас се надевам дека ќе ги намалиме гужвите во чекалните, вели Стојковски.

Инаку Онкологија со месеци е во фокусот на јавноста откако минатата година во септември изби скандалот со препродажба на биолошка терапија. Случајот е во рацете на обвинителството а пациентите се уште чекаат подобри времиња.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More