-4.2 C
Skopje
Wednesday, December 1, 2021

OnePlus 9 Pro ќе се полни безжично во целост за само 43 минути

Најчитани вести

Компанијата OnePlus следната недела ќе претстави неколку нови уреди, а се очекуваат OnePlus 9, OnePlus 9 Pro и OnePlus 9R телефоните, како и паметниот часовник OnePlus Watch.

OnePlus 9 Pro доаѓа со поддршка за безжично полнење, преку доделениот 50W безжичен полнач на компанијата. Според наводите на компанијата, телефонот ќе се полни од нула до 100 проценти од капацитетот на батеријата за само 43 минути.

Секако, споменатите брзини се постигнуваат само доколку телефонот се полни преку OnePlus 50W безжичниот полнач, што ќе биде објавен со новите смартфони. Полначот овозможува телефонот да се постави на него вертикално или хоризонтално.

Покрај тоа, OnePlus 9 и 9 Pro ќе имаат поддршка за 65W полнење преку кабел, што овозможува празната батерија до врв да се наполни за 29 минути.

Стандардниот OnePlus 9 безжично ќе може да се полни максимално до 15W, но имајќи предвид дека ова е прв пат OnePlus моделот кој нема Pro во името да може да се полни безжично, ова секако претставува достигнување за кинеската компанија.

Двата телефони се компатибилни и со Qi полначите, со брзини до 15W.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com