OnePlus го претстави 7T Pro пред месец дена, но компанијата не потврди кога може да го очекуваме ексклузивниот McLaren Edition. Без посебно најавување, уредот се појави на пазарот и постигна нов рекорд.
Само неколку дена пред претставување, OnePlus потврди дека 7T Pro McLaren Edition ќе биде достапен од 5 ноември. Изгледа дека уредот бил толку посакуван на домашен терен што се распродаде за само 60 секунди.
Инаку, McLaren Edition е малку поскап од обичниот 7T Pro, но се разбира нуди и попремиум карактеристики. Во внатрешноста има 12GB RAM (во споредба со 8GB кај 7T Pro) и има поуникатен дизајн. Другите карактеристики се речиси исти – Snapdragon 855+, 6.67 инчен дисплеј и три камери. Камерите се од 48, 16 и 8 мегапиксели, а селфи камерата е од 16 мегапиксели. Пристигнува и со 5G технологија. Батеријата е од 4085 mAh. Скенерот за отпечатоци е под дисплејот./gsm.mk/
