Home » ОН предупредуваат на ризикот Судан да биде зафатен од етничко насилство

ОН предупредуваат на ризикот Судан да биде зафатен од етничко насилство

by Журнал.мк

Помошникот генерален секретар на Обединетите нации за Африка, Марта Ама Акја Поби, предупреди дека „без брза акција, Судан ризикува да биде зафатен со поголемо етничко насилство и да се „распарчи“ уште повеќе.

Според неа ризикот од прелевање на конфликтот останува висок.

„Од 16 април до 9 јуни, Канцеларијата на Високиот комесар за човекови права документираше најмалку 192 цивилни жртви во Ел Фашер. Оттогаш, се убиени уште десетици цивили, вклучувајќи жени и деца. Цивилите се во линијата на огнот. Никаде не е безбедно за нив“, додаде таа.

Директорот за операции и застапување на Канцеларијата за координација на хуманитарни прашања, Едем Восорну, за ситуацијата во Судан рече дека „во прашање е трка со времето за да се избегнат огромни загуби на животи во оваа невидена кризата со безбедноста во Судан.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More