Home » ОН и ЕУ ја повлекоа поддршката за обновата на спорниот објект во Митровица

ОН и ЕУ ја повлекоа поддршката за обновата на спорниот објект во Митровица

by Журнал.мк

Косовскиот министер за култура вели дека очекува да продолжи работата на реновирањето на историска куќа во градот Митровица и покрај одлуката на Европската унија и Обединетите нации да ја повлечат својата поддршка поради поврзаноста со нацистичките окупатори на поранешниот сопственик на објектот.

„Ја разбираме загриженоста на нашите меѓународни партнери“, рече Хајрула Чеку, министер за култура, млади и спорт на 9 февруари.

Тој додаде дека е во секојдневна комуникација со сите и дека дале дополнителни, детални појаснувања за проектот.

„Сметаме дека започнатата работа со нашите меѓународни партнери треба да продолжи и ги повикувам сите да размислуваат рационално “, вели Чеку.

Противењето на меѓународните соработници на проектот се појави откако се дозна дека поранешниот сопственик на куќата – покојниот политичар Џафер Дева бил поврзан со нацистичките окупатори за време на Втората светска војна.
Дева беше албански политичар за време на Втората светска војна. Во 1944 година беше назначен за министер за внатрешни работи во албанската влада, која беше формирана со поддршка од нацистичка Германија. Починал во 1978 година. Зградата, која е уникатен пример на европскиот модернизам од 1930-тите, требаше да се пренамени во културен центар.

„УНДП и Европската Унија длабоко жалат за ненамерната навреда нанесена со најавата дека ќе започнат со реконструкција, игнорирајќи ја историската позадина на Џафер Дева“, се вели во соопштението.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk