Home » ОН: Две третини од Појасот Газа се евакуирани по наредба на израелските власти

ОН: Две третини од Појасот Газа се евакуирани по наредба на израелските власти

by Журнал

Обединети нации соопштија дека израелските власти наредиле евакуација на населението од две третини од територијата на Појасот Газа или од 246 квадратни километри, каде пред војната, живееја 1,78 милиони Палестинци, 77 отсто од населението во енклавата.

По нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври минатата година, израелската армија им препорача на Палестинците во северниот дел на Газа да ги напуштат своите домови и да се засолнат пред очекуваната копнена офанзива.

Во исто време продолжија воздушните напади врз јужниот дел на Газа, каде исто така жителите беа предупредени да ги напуштат домовите.

Израел тврди дека напаѓа само цели на Хамас, кој е одговорен за штетата предизвикана врз цивилите, бидејќи дејствува од цивилни локации.

За време на војната, наредбите за евакуација беа проширени и на други области во јужниот дел на Појасот Газа, вклучувајќи го градот Кан Јунис и околните области, кои сега се во фокусот на израелската копнена офанзива.

Десетици илјади луѓе избегаа и продолжуваат да бегаат, објави денеска Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања (ОЦХА).

Повеќе од половина од 2,3 милиони жители на таа мала енклава сега се во градот Рафах на границата со Египет и неговата околина. Од почетокот на војната речиси 27.500 луѓе загинаа во Појасот Газа, од кои две третини се жени и деца.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk