Home » ОН: Бунтовниците на M23 силуваа и живи запалија стотици затворенички во ДР Конго

ОН: Бунтовниците на M23 силуваа и живи запалија стотици затворенички во ДР Конго

by Журнал.мк

Неколку стотици жени биле силувани и живи запалени откако затвореници од машкото одделение во затворот во Гома, Демократска Република Конго, успеале да побегнат, јавува Гардијан. Побегнатите затвореници упаднале во женското одделение, кое потоа било запалено.

Заменичката шефица на мировните сили на ОН во Гома, Вивијан ван де Пер, изјави дека околу 4.000 затвореници избегале од затворот, кој бил под контрола на бунтовничката група M23, поддржана од Руанда.

– Сите затворенички беа силувани, а потоа запалени заедно со објектот. Ниту една не преживеа, изјави Ван де Пер.

Побунетите групи на истокот од Конго денеска еднострано прогласија примирје. Заземањето на Гома од страна на M23 предизвика осуда од Г7 и ЕУ, кои ја нарекоа офанзивата „кршење на суверенитетот на Конго“.

И покрај тоа, Ван де Пер предупреди дека бунтовниците се движат кон градот Букаву, каде што конголската армија добила засилување од Бурунди. Таа ги повика Советот за безбедност на ОН и меѓународната заедница да извршат поголем притисок врз Руанда, која, според обвинувањата, ја поддржува оваа бунтовничка група.

Од своја страна, M23 тврди дека нема намера да го заземе Букаву, а Руанда ги негира наводите дека ги поддржува бунтовниците.

Според податоците на ОН, во последните судири во и околу Гома, најголемиот град на истокот од Конго, загинале најмалку 900 лица, а повредени се 2.880 луѓе.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk