Home » ОМИЛЕНИОТ НИСКОБУЏЕТЕН ФИЛМ НА ТАРАНТИНО

ОМИЛЕНИОТ НИСКОБУЏЕТЕН ФИЛМ НА ТАРАНТИНО

by Lina Muslija

Квентин Тарантино е познат по љубовта кон среднобуџетните и нискобуџетните тн. „Б-филмови“ и слични „жанровски експерименти“.

Оние филмови, пак, коишто тој ги режираше, како „Убиј го Бил“ 1. и 2. дел и „Отпорен на смртта“, се класици што неодоливо потсетуваат на акционите филмови од 1970-тите. Таа страст го навлекла режисерот и на култниот филм „Побрзо, маче, убиј, убиј!“ (Faster, Pussycat! Kill! Kill!) во режија на Рас Мајер, од 1965 година.

А пак, една од глумиците во тој филм – Сузан Бернард имала посебно влијание врз Тарантино. Следствено, нејзиниот син – режисерот Џошуа Џон Милер за „Колајдер“ (Collider) споделува како, додека работел на својот филм „Егзорцизам“, Тарантино неочекувано му се јавил…

– Тој ми рече: „Само што гледав филм со Вашата мајка, и тоа е најдобриот филм што некогаш сум го гледал, и никој не знае за тоа!“, открива Милер.

Тој тоа го сфатил како знак на поддршка и дополнителна мотивација да го заврши својот проект.

Филмот на Милер, во којшто глуми Расел Кроу, имал тежок пат до реализацијата. Снимањето почнало 2019 година, но пандемијата го одложило, па тоа продолжи дури во 2023 година „Егзорцизам“ беше премиерно прикажан на 21 јуни оваа година – на истиот датум, но пет години по смртта на Сузан Бернард. Тарантино, пак, дента го прикажа филмот „Побрзо, маче“ во полноќната програма на неговото омилено кино. Милер се пошегува:

– Ако не Ви се допаѓа филмот, внимавајте – мајка ми ќе дојде по вас.

Иако „Побрзо, маче, убиј, убиј!“ беше критички и комерцијален неуспех по издавањето, подоцна стана култно дело поради субверзијата на родовите улоги во 1960-тите. Очигледно, Тарантино го смета за еден од најдобрите филмови на сите времиња.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk