Home » Омерагиќ: Ќе предложам затворање на Академијата – таа не произведува фудбалери

Омерагиќ: Ќе предложам затворање на Академијата – таа не произведува фудбалери

by Журнал.мк

Масар Омерагиќ денеска доби едногласна поддршка со акламација за нов четиригодишен мандат на чело на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

Една од првите големи одлуки што ги најави е затворањето на фудбалската академија, која, според него, не функционира како што било замислено и има бројни недостатоци.

„Апсолутно не гледам причина академијата да продолжи со работа во ваков формат. Децата тренираат, но не играат натпревари, што не е поентата на фудбалската обука. Освен тоа, буџетот е пробиен, а недостатоците се многубројни. Ќе донесеме брза одлука, а најверојатно ќе предложам нејзино затворање“, изјави Омерагиќ.

На денешното Собрание беше избран и новиот состав на Управниот одбор на ФФМ, во кој, покрај Омерагиќ како претседател, влегоа: Агим Ибраими, Владимир Гашевски, Славе Костов, Дарко Костовски, Златко Талевски, Светозар Станковски, Берат Исмаили, Сашко Тасев, Игор Франговски, Станко Манчевски, Добре Иванов, Борче Лазаревски, Абдула Сакипи, Марјанчо Стојковски, Горан Гаврилов, Ѓорѓи Угриновски, Џевад Дибрани и Димитар Џонов. Дополнително, Управниот одбор именуваше нови советници и тоа Ристо Божинов како советник за спортски прашања, Тони Ивановски како советник за финансиски прашања, Ружица Николовска како советник за правни прашања и Виктор Илоски како советник за економски прашања и инвестиции.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk