Home » Омерагиќ: Ќе има смена на сите селектори во младинските категории, колото во Прва лига да се игра во три дена

Омерагиќ: Ќе има смена на сите селектори во младинските категории, колото во Прва лига да се игра во три дена

by Lina Muslija

Масар Омерагиќ денеска го имаше првиот работен ден на новата функција, како претседател во фудбалската федерација на Македонија. Предводникот на мак-фудбалот најавува дека доаѓаат нови подобри денови како на клупски, така и на репрезентативен план.

На денешниот брифинг со новинарите, Омерагиќ најави дека ќе се направат неколку промени за подобро функционирање на најважната споредна работа во светот. За брзо време може да видиме крај на досегашната пракса, мечевите од едно коло во фудбалското првенство во Македонија да се играат во еден ист термин. Идејата е шесте средби од колото да се играат во два или три различни дена.

Една од можните опции е два натпревари да се играат во петок, два во сабота и два во недела. Речиси во цела Европа мечевите од едно коло се играат во неколку различни термини, па македонската Прва лига полека би се вклопила кон оваа пракса.

Новиот претседател на ФФМ беше разочаран од работата во Академијата на ФФМ како и од резултатите кои се постигнати во младинските репрезентации. Токму затоа, Омерагиќ најави смена на сите селектори во младинските национални селекции. Тука сигурно ќе има и многу работа за Ѓорѓи Христов кој е назначен за нов технички директор во ФФМ, кој ќе биде задолжен за работата и развојот на младинските национални селекции и фудбалската акедемија во рамки на федерацијата.

Омерагиќ најави уште многу промени со кои треба да се подобри работењето во сите сфери од мак-фудбалот.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk