Фудбалската федерација на Македонија наскоро ќе добие нов претседател, а последното соопштение на ФФМ навестува и кој ќе биде нов предводник на најфудбалската институција во нашата земја.
ФФМ потврди дека Масар Омерагиќ е единствен кандидат за испразнетото претседателско место, откако Комисијата за избори и верификација го прифатилa предлогот на ОФС Свети Николе, кој го предложи Омерагиќ за функцијата.
– Комисијата за избори и верификација во рамки на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го прифати предлогот на Општинскиот фудбалски Сојуз – Свети Николе за поддршка на кандидатурата на Масар Омерагиќ за претседател на Фудбалската федерација на Македонија на Вонредното изборно Собрание на Фудбалската федерација на Македонија на 22. декември 2024. година.
– Одлуката на Комисијата за извори и верификација во рамки на ФФМ по предлог на ОФС Свети Николе го одреди Масар Омерагиќ за единствен кандидат за претседател на Фудбалската федерација на Македонија на Вонредното изборно Собрание на ФФМ закажано за 22. декември 2024 година, – стои во соопштението на ФФМ.
На вонредното изборно собрание, ФФМ првично ќе ја констатира оставката на досегашниот претседател Муамед Сејдини, а потоа ќе го потврди и неговиот наследник.